Тендерите излегоа на виделина и покажаа дека Крсто Мукоски не само што е слоботен пратеник, туку е и богат човек.

Објавил: Данаил Михајловски | 4 јануари, 2019 10:46

Мукоски, тендерите и карневалот!

Фото/Текст извор: ©магазин

За три месеци откако Крсто Мукоски излезе од притвор и гласаше за уставните измени неговата семејнат фирма “Атриум“ стана добитник на тендери во вредност од 950 илјади евра, а истата е водена од братот на обвинетиот пратеник, кој ги има потпишано тендерите со државните претпријатија. Податоците се јавни и се впишани на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Пратеникот Крсто Мукоски стана познат во јавноста со чинот на отварање на вратите на Собранието на 27-ми Април 2017 година, кога во парламентот се случи народ и насилство врз дел од пратениците. СДСМ потоа жестоко го напаѓаше Мукоски, преку своите пратеници, но и преку партиски соопштенија, нарекувајќи го злосторник, терорист, насилник, варварин. Потоа, крајот на Ноември 2017та, Мукоски беше уапсен заедно со пратениците Арнаудов и Сашо Василевски, и тоа со вооружена полиција, пред очите на децата и без да им биде формално одземен пратеничкиот имунитет, обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок. Незадоволен од притворот, Мукоски почна штрајк со глад во истражниот затвор. 

Фирмата „Атриум“, во сопственост на братот на пратеникот Крсто Мукоски, склучила договор за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за високи 10 евра од квадрат, соопшти во Јуни 2017 генералниот секретар на Владата, Рашковски. Тој најави дека во овие зделки има основ за сторен криминал и дека властите ќе поведат темелна истрага за бизнисите на “Атриум“. Но, после гласањето за смена на Уставот изгледа дека фирмата на Крсто Мукоски стана успешен стопански актер кој може да биде пример за другите компании.

Денес ситуацијата е сосем поинаква. Крсто Мукоски е слободен човек, бидејќи се согласи да даде поддршка на уставните измени за смена на името. Токму на денот на глсањето за уставните измени, 19-ти Октомври 2018, Мукоски беше пуштен од притвор во 17 часот, за да може да стигне за гласањето во Собранието во 22 часот, како клучниот 80-ти пратеник кој на Заев му го обезбеди 2/3 мнозинство. Еден час пред гласањето, според нашите извори, Мукоски бил на подолга средба со Заев и Талат Џафери во Собранието. Токму на таа средба биле договорени неговата амнестија, гласањето за уставните измени, но и тендерите за неговата семејна фирма, како награда за соработливоста. Сепак, Македонија е мала земја и порано или покасно, се се дознава. Тендерите излегоа на виделина и покажаа дека Крсто Мукоски не само што е слоботен пратеник, туку е и богат човек. После гласањето за уставните измени Мукоски беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ и сега делува како дел од независната пратеничка група, заедно со Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. 

Сега пратеникот Крсто Мукоски во Собранието често е во друштво со пратениците од СДСМ, кои срдечно го поздравуваат и со кои разменува мислење. На ТВ-Алфа пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, отиде дури дотаму што рече дека “осумтемина пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните измени ќе бидат светол пример во поновата историја на државата“. Така Крсто Мукоски, само со едно гласање за смена на Уставот, од теорист и насилник, се преобрази во светол пример за пратениците од СДСМ. Затоа би било сосема во ред, доколку на Вевчанскиот Карневал оваа година, пратениците Крсто Мукоски и Хари Локвенец се појават со заедничка маска “Карневалски Тендери“, бидејќи и двајцата добро се офајдија со гласањето. Крсто доби амнестија, плус речиси милон евра тендери, а Хари Локвенец стипендија за синот, плус 10 милиони денари грант од Фондот за иновации за неговата печатница. Политиката ја претворија во карневал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.