Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 август, 2019 9:15

МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ КУРБАН БАЈРАМ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Верниците од муслиманска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам.

Курбан Бајрам е голем исламски празник кој трае 7 дена (10-13 зулхиџет, односно дванаесеттиот месец според арапскиот календар) и се вика таканаречениот празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, обично овни и им се делат на сиромасите.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога.

Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

Курбан Бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот календар е месечев календар а грегоријанскиот каледнар е сончев календар. Месечевиот календар е приблиќно 11 дена пократок од сончевиот календар.

Секоја година, Курбан Бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот.
Следниов список претставува список на официјални датуми кога се прославува Курбан Бајрам во Саудиска Арабија според прогласите на Врховниот совет. Датумите во иднина се пресметани според Umm al-Qura календарот на Саудиска Арабија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани