Зекири редовен коментатор на ракометната репрезентација

Објавил: Узунов Бобан | 18 јануари, 2019 9:55

Мухамед Зеќири секое првенство со провокација до ракометарите ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратеникот Мухамед Зекири веднаш по поразот на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство во клучниот меч против исландската селекција им порача во иднина повеќе да се занимаваат со спорт, а помалку со политика, алудирајќи на одредени играчи.

Потпретседателот на СДСМ оваа порака им ја упати на одредени ракометари од националниот тим по трите порази по ред на Мундијалот во Германија со кои ги загубија шансите од понатамошен пласман и испаѓањето уште во првата фаза.

Ова е годинешната порака на Зеќири до ракометарите

“Во иднина повеќе со спорт отколку со политика да се занимаваат спортистите МК”, напиша Зекири на својот профил на Фејсбук.

Ова не е прва провокација Мухамед Зеќири за македоснките ракометари. За ланското европско првенство во ракомет Мухамед Зеќири го прозва Кире Лазаров дека не се вложил доволно за македонската репрезентација

Стаус на Мухамед Зеќири против капитенот Лазаров на европското првенство во ракомер кое се одржа во јануари 2018 година

Претходно слична порака им упати и министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, но на почетокот од светскиот шампионат.

Ваквото препукување на политичарите со членовите на македонскиот национален тим следи по негативните реакции на некои од нив по изгласаните уставни измени во Собранието минатата недела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести