Ферид Мухиќ го откри планот на Заев, ако има поддршка, за уставните измени ќе се гласа денес, ако нема, ќе се искористи посетата на Палмер за притисок и ќе се гласа во среда

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 12:17

Мухиќ: Ако не се гласа денес, нема мнозинство, Палмер ќе помогне

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пратеникот од СДСМ од редовите на т.н. независни членови во Собранието на Македонија, Ферид Мухиќ, пред почетокот на денешното продолжение на седницата за уставни измени со два одговори ја потврди стратегијата на Зоран Заев.

Ако се гласа денес, значи е обезбедено двотретинско мнозинство, ако не се гласи, значи не е, рокот е мислам некаде до среда, но мислам дека денес ќе успее. – изјави Мухиќ.

Пратенкот кој Преспанскиот договор го оцени како најголемо понижување и уцена на Македонската држава и Македонската нација, на вториот ден од собраниската седница, по паузата го промени својот став и изјави дека штетен или не, тој сепак ќе гласа за Преспанскиот договор, т.е. уставните измени.

Мухиќ со коментар и за посетата на помошник заменикот државен секретар на САД, Метју Палмер во понеделник.

Доаѓањето на официјални претставници на САД е очигледен притисок да успее процесот. – изјави Мухиќ.

Со ова се потврдија шпекулациите дека сосема е изведно дека собраниската седница денес ќе заврши без гласање и дека ќе се чека посетата на Палмер по што уставните измени ќе се гласаат во среда.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.