На предлог на Обвинителството денес за настаните во Собранието сведочат пратеници и новинари, а на следното рочиште и Агим Нухиу тогашен министер за внатрешни работи

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 10:59

Мухиќ и Дудуш ќе сведочат за тоа што виделе на 27 април

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во исто време додека Уставниот суд расправа дали да отпочне или не разгледување на преставките за оценка на уставноста на распишаниот референдум, во Кривичниот суд продолжува рочиштето за уставобранителите и настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Сашо Коцевски, Ферид Мухиќ, Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа, денеска, во кривичниот суд ќе сведочат за тоа што виделе на во четврток на 27 април 2017 година.

Сведоците се по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Обвинителството предложи 36 сведоци, меѓу кои и еден загрозен сведок.

На следното рочиште на 21 септември ќе треба да сведочи тогашниот министер а вечен заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу.

Меѓу обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се: поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, пратениците Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, како и предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Владо Јовановски, Игор Дурловски.

Обвинети се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, Јане Ченто, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началниците во МВР – Душко Лазаров и Митко Пешов, Горанче Ангеловски – Ќосето, Александар Василевски – Нинџа, Митре Питроповски…

Судијката Добрила Кацарска, која постапува по предметот, закажа уште 50-ина рочишта до крајот на јануари 2019 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести