Глетка која беше рај за очи за сите присутни на овој посебен ден за манстирот.

Објавил: Весна Петровска | 9 јули, 2019 0:39

НАВИРАА ЕМОЦИИ И ГАЛЕА ДУША: Ансамблот „Македонија” го разви Тешкото во Бигорскиот манастир

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во Бигорскиот манстир каде верниците го наоѓаат својот мир и ги кажуваат своите молитви вчера се играше Тешкото.

Глетка која беше рај за очи за сите присутни на овој посебен ден за манстирот.

Ансамблот Македонија за време на Манастирската слава на Бигорскиот манастир го изведе најтешкото македонско оро во кое се опишува тешкиот живот на македонскиот народ.

Во рамки на настапот беа презентирани носии од Дебарско- Реканската етнографска целина а за време не егзибицијата беа исполнувани повеќе вокални нумери и наративи.

Со посебен пиетет и воодушевување од присутната публика беше проследена изведбата на орото “Тешкото”, кое што членовите на овој ансамбл го изведуваат со посебен сентимент.

Тешкото  оро кое се смета за едно од најубавите и најтешките македонски ора. За него е многу напишано и многу зборувано бидејќи претставува важно дело на македонскиот музички фолклор. Географски како и носиите во кои се игра потекнува од областа Галичник во Северозападна Македонија, на планината Бистра.

Во основа потекнува од моментите кога печалбарите заминувале на печалба. Го играле на крајот од селото, на местото каде се разделувале со најблиските пред да се впуштат на патот кон непознатата исцрпувачка работа во туѓина. Но со тек на време прераснува во химна не само на печалбарството туку и на сета тежина и горчина собрана во македонските души низ безбројните векови робување.

Орото претставувало инспирација за многу уметници како за поетот Блаже Конески со поемата Тешкото така и за композиторот Тодор Скаловски со хорската композиција Македонско оро.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.