Река, ПАСОК, Демократска левица и Движењето на демократски социјалисти, по Нова Демократија едногласни дека нема да гласаат "за" ратификација на Преспанскиот договор

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 10:26

Навредите за “грчките” Македонци го иситнија мнозинството на Ципрас

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Река и Движење на промена иако различни во своите политички делувања, сепак со став дека по последните изјави на премиерот Заев, нема да го поддржат Преспаскиот договор во неговата фаза за ратификација пред Парламентот.

Река останува на првичната позиција и не го менува својот став во однос на Договорот од Преспа, но конечната одлука ќе ја кажат во грчкиот Парламент откако ќе го видат финалниот текст, објасни претседателот на партијата, Ставрос Теодоракис, по последните шпекулации и информации дека Река се двоуми дали да го поддржи решението меѓу Македонија и Грција кога ќе дојде за ратификација во грчкиот Парламент.

Кажувам дека Река не го менува своето мислење. Река верува дека мора да постои решение бидејќи доколку проблемот се продолжи, не гледаме што би добиле. Но, од друга страна, ние не сме лишени од правото да ги оценуваме изјавите кои го навредуваат грчкиот народ или нашите Македонци. – рече Теодоракис и додаде дека тие излегуваат со ставови за работите онака како што течат, во исчекување на финалните текстови за да го изразат нивниот став во Парламентот.

Претседатечпт на партијата говореше на промоцијата на книгата на потпретседателот на Нова демократија, Костис Хаѕидакис, и објасни дека Река уште од прв момент има јасна позиција, сака решение, бидејќи верува дека е во интерес на Грција и на новите генерации да се затвори долгогодишниот спор.

И во Парламентот реков дека овој договор што дојде, не е најдобар. Постојат точки, за кои Река не се согласува уште од прв момент. Но, од друга страна, разгледуваме што добивме сите овие години. Па така, во март, Грците ќе мора да донесат голема одлука што нема да биде лесна. Ќе треба или да кажат „не” за нешто што го поддржуваат сите наши сојузници или ќе треба да чекорат по тежок пат на еден договор за кој многу работи ќе се проценат во пракса, ќе се процени врз основа на расположението и на политичарите во земјата, но и на граѓаните. – рече Теодоракис.

Кога и да дојде Договорот од Преспа во парламентот, Движењето на промена нема да гласа за, бидејќи смета дека не ги гарантира националните интереси, вели портпаролот на партијата, Павлос Христидис во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

Тој додава дека тие имале јасен став уште од прв момент, не отфрлиле никаков договор пред да го видат.

Фофи Генимата беше таа која во парламентот ги покрена прашањата против договорот за Илинденска Македонија, што беше олицетворение на иредентизмот, онака како што го донесе Ципрас.

И потоа, секако откако го видовме Договорот од Преспа излеговме со став за прашањата поврзани со идентитетот и јазикот. Она што сакам да го кажам до сите што не следат, е дека кога и да дојде овој договор во парламентот, Движење на промена нема да гласа за, бидејќи смета дека не е договор што ги гарантира националните интерес и сега и во иднина, за следните генерации. – вели Христидис, портпаролот на Движење на промена, коалицијата во која што се ПАСОК, Демократска левица и Движењето на демократски социјалисти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.