ТВ21 го контактираше и претпријатието Државни патишта, но од таму велат дека забраната ќе продолжи за тешки товарни возила на овој дел од патот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 февруари, 2021 6:03

Над 10 камиони блокирани во Кичево – Возачите: Тука сме над 25 часа, ништо немаме јадено

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/фото:тв21

Интензивните врнежи од снег ги блокираа главните патни делници на планинските делови во земјава!

Забрана за тешки товарни возила има и на делницата Кичево – Гостивар,бидејќи тешко се минува Стража. Полиција по патиштата ги запира тешките товарни возила. На главниот пат во Кичево има над 10 камиони кои ги запрела полиција вчера!

Местото каде се запрени камионите во близина нема ниту маркет ниту бензинска пумпа, тие повеќе од 25 часа стојат со камионите таму и како што велат, некои од колегите немаат ниту јадено од вчера.

„Од вчера во 11 часот ме застана полиција, ми ги зема документите, возачката дозвола и личната карта и никаква друга информација. На мало, цигари, отидов до бензинската долу, отидов пеш утрото земав и малку вода. Сопственикот ми се јави и ми рече најди автобус и ајде во Тетово, бидејќи во Тетово е пунктот, нема ни автобуси,ни ништо, не ми ги дава документите, не знам зошто, за да го оставам камионот и да одам со нешто друго“, вели возач.

ТВ21 го контактираше и претпријатието Државни патишта, но од таму велат дека забраната ќе продолжи за тешки товарни возила на овој дел од патот.

Ппвеќе на овој ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.