-100 илјади вакцинирани до вчера. 100 илјади повеќе заштитени животи. Секој ден и се побрзо светлината се приближува кон крајот на тунелот“, пишува Манастирлиу.

Објавил: Перо Милчин | 31 март, 2021 12:21

Над 100 илјади вакцинирани во Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заклучно со вчерашниот ден во Албанија вакцинирани се над 100.000 лица, објави на Твитер министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, додавајќи дека „светлината на крајот од тунелот се приближува секој ден и се побрзо“.

-100 илјади вакцинирани до вчера. 100 илјади повеќе заштитени животи. Секој ден и се побрзо светлината се приближува кон крајот на тунелот“, пишува Манастирлиу.

Од денеска стартува имунизацијата на лицата на возраст од 77 години со вакцините на ,,Астра Зенка,, досега се пријавени 5900 лица од оваа возрасна група.

Албанија од минатиот викенд спроведуваше 10.000-20.000 вакцинации на ден, со цел да достигне половина милион до јуни.

Албанија, која има 2,8 милиони жители, потпиша договори за вкупно 2,5 милиони дози вакцини од „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Спутник V“ и „Синовак“. До сега од овие компании има добиено над 282 илјади вакцини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.