Бочварски рече дека оваа бројка во наредните денови и ќе се зголемува со цел да се изолираат сите контакти на заразените текстилни работнички  и да не се шири вирусот. Во изолација се голем дел од вработените во текстилната конфекција, која е затворена, а во изолација е и сопственикот на компанијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 мај, 2020 21:35

Над 130 лица во Штип ставени во изолација поради контакти со заразените текстилни работнички

Фото/Текст извор: ©Лидер.мк

И покрај летирите нови случаи на заразени во Штип, градоначалникот Благој Бочварски смета дека се уште е рано да се вклучи алармот за преземање поригорозни мерки на територија на општината.

Според податоците до дојде Лидер.мк од Центарот за јавно здравје-Штип, во домашна изолација со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат во изолација се ставени над 130 граѓани.

Бочварски рече дека оваа бројка во наредните денови и ќе се зголемува со цел да се изолираат сите контакти на заразените текстилни работнички  и да не се шири вирусот. Во изолација се голем дел од вработените во текстилната конфекција, која е затворена, а во изолација е и сопственикот на компанијата.

Ние ова утро стапивме во контакт и со неколку сопстевиници на конфекции, за коишто веќе се прават анализи и списоците со вработени се дадени на епидемиолозите и на нашите институции со цел да ги комуницираат и повикаат и да видат до каде е комуникацијата и каде ќе застане таа комуникација. Точно е утврдено кои се тие компании и со кој превоз се движеле – изјави Бочварски.  

Тој најави дека деновиве ќе има тестирање на текстилните работнички и, според Бочварски, поради тоа може да се очекува и да има нови случаи на заразени со корона вирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.