Горд сум на целиот тим од Институтот за трансфузиона медицина, за нивната професионалност затоа што кај нас не се случи да има недостаток на крвни единици. Имаме вредни здравствени работници. Да се гордееме со нив, потенцира Филипче!

Објавил: Владо Марин | 21 септември, 2020 18:56

Над 28 илјади дарувања на крв се реализирани од почетокот на оваа година

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Директорот на Институтот за трасфузиона медицина доктор Садула Усеини за ,,Слободен печат” открива дека во соработка со ИВЗ во Скопје ќе бидат организирани крводарителски акции во џамиите, а ќе се реализира и стратегијата за мобилизирање на младите крводарители, од средните училишта и од универзитетите. Вкупно досега се собрани 112 единици крвна плазма од пациенти што прележале ковид-19, а стотина веќе ја примиле во надеж дека ќе им го спаси животот.

Над 28 илјади дарувања на крв се реализирани од почетокот на оваа година. Досега се обезбедени 112 единици конвалесцентна плазма, а околу 100 пациенти веќе примиле плазма, вели министерот Филипче!

Во план е и средношколците да даруваат крв, како и студентската популација која ќе биде мобилизирана.

Коронавирусот ја покажа хуманоста на граѓаните! Постојано се обезбедуваа крвни единици за ниеден живот да не биде загрозен.

Горд сум на целиот тим од Институтот за трансфузиона медицина, за нивната професионалност затоа што кај нас не се случи да има недостаток на крвни единици. Имаме вредни здравствени работници. Да се гордееме со нив, потенцира Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...