Во болницата се лекуваат пациенти со средно тешка клиничка слика, најголем процент жени на возраст од 40 до 70 години.

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2021 7:24

Над 300 лица во изолација во Кумановo, Липково и Старо Нагоричани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Според податоците на СВР Куманово во изолација на подрачје на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане вкупно има 312 лица, соопштија денеска надлежните.

Од нив на подрачјето на Куманово во изолација вкупно се 242 лица од кои 209 се позитивни, а 33 се контакти. СВР Куманово информираше дека во општина Липково во изолација се вкупно 68 лица од кои 60 се позитивни, а осум се контакти!

Во Старо Нагоричане евидентирани се
две позитивни лица.

– Сите лица редовно се контролираат од страна на СВР Куманово, информираат од полицијата.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 кои се лекуваат во кумановската болница, соопштија денеска надлежните. Во болницата се лекуваат пациенти со средно тешка клиничка слика, најголем процент жени на возраст од 40 до 70 години.

На инфективното одделение има 21 пациент, во модуларната 30 лежечки и 20 пациенти се лекуваат на дневна болница. Од овие 51 лежечки пациенти, 42 се на кислородна поддршка. Повеќето се невакцинирани, имаме само пет-шест вакцинирани со поблага клиничка слика кои не се на кислородна поддршка, што значи дека вакцинацијата е клучна во борба против пандемијата, изјави директорката на кумановската болница д-р Снежана Захариева за МИА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести