Вкупно 449 дарители донирале плазма,со која се третирани над 400 пациенти со Ковид-19.

Објавил: admin@magazin | 21 декември, 2020 19:39

НАД 400 ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19 ДОСЕГА ТРЕТИРАНИ СО КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 502 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 399 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 103 единици конвалесцентна плазма, преку аферезна процедура од вкупно 48 донори. 

Вкупно 449 дарители донирале плазма,со која се третирани над 400 пациенти со Ковид-19. 

Во овие сензитивни моменти, важно е да ја покажеме нашата хуманост и да даруваме плазма, зашто таа оди на вистинско место – таму каде што е неопходна и со тоа се овозможува да биде спасен нечиј човечки живот. 

На овој начин и со овој највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени им помагаат на лицата, кои во моментот се борат со коронавирусот. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19.  

Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти, кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.  

Формулар за донор на Ковид-19 конвалесцентна плазма: http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b5-covid-19-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8/

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...