Висока излезност има и во Градско со 22,49, Могила со 20,25 и Новаци со 21,58 проценти!

Објавил: Перо Милчин | 17 октомври, 2021 11:23

Над 9% излезност до 11 часот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Излезноста до 11 часот е 9,82 отсто од вкупно обработени 36,31 проценти од податоците, покажуваат податоците на веб сајтот на Државната изборна комисија.

Највисока излезност се бележи во Ранковце, каде своето право на глас го оствариле 26,95 отсто од граѓаните.

Висока излезност има и во Градско со 22,49, Могила со 20,25 и Новаци со 21,58 проценти.

Се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 824 864 гласачи.

Според информациите од државната изборна комисија излезноста до часот изнесува 3 а гласале .

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски утрово информираше дека на некои места се појавуваат проблеми со апаратот за отисоци од прст, но оти проблемите се решаваат!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести