Државниот просветен инспекторат му предложи на директорот Томе Спировски дисциплинска мерка за инспекторот Илиевски зашто ја информирал јавноста за случајот, а постапката не била завршена. Тој, пак, смета дека тоа била негова обврска и дека му влијаеле и му се заканувале ништо да не говори во јавноста.

Објавил: Весна Петровска | 25 јули, 2019 19:14

НАМЕСТО НАГРАДА ДОБИ КАЗНА: Инспекторот Илиевски деградиран на пониско работно место

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Откако просветниот инспектор беше во судот и ја посочи злоупотребата на работното место на тројцата државни функционери – министерот за образование и наука, Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нихиу, и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули од денеска тој е деградиран на пониско работно место и тоа само шест месеци пред пензија.

Од Државниот просветен инспекторат ни одговорија дека дисциплинската комисија утврдила дека Илиевски сторил прекршок и со тајно гласање донела одлука со предлог за изрекување на дисциплинска мерка против него која гласи: „Распределување на работно место во непосредно пониско место“.
Илиевски е инспекторот кој јавно зборуваше за незаконските унапредувања на функционери од ДУИ на тетовскиот универзитет.

Никакво решение не ми стигнало на домашна адреса. Ниту од дисциплинската комисија, ниту ова за моето деградирање. Од вас слушам за ова–ни изјави Илиевски

Ѓорѓи Илиевски, Вишиот просветен инспектор и раководител на одделението за инспекциски надзор во високото образование, научните институти, ученичките и студентските домови ќе биде распределен на пониско работно место, односно деградиран. Ваква одлука донесе директорот на Државниот просветен инспекторат(ДПИ), Томе Спировски, откако дисциплинската комисија му ја предложи оваа мерка бидејќи Илиевски сторил прекршок, јавува Факултети.мк.

За потсетување, просветниот инспектор извршил и контролен надзор, а закажал т.н. порамнување, но бидејќи тетовскиот универзитет не постапил во согласност со неговите барања да им бидат поништени звањата на функционерите, тој поднесе прекршочни пријави.

Државниот просветен инспекторат му предложи на директорот Томе Спировски дисциплинска мерка за инспекторот Илиевски зашто ја информирал јавноста за случајот, а постапката не била завршена. Тој, пак, смета дека тоа била негова обврска и дека му влијаеле и му се заканувале ништо да не говори во јавноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести