Ружин може да анализира, факт е дека Бугарија прва ја призна Македонија под уставното име но никогаш не го призна постоењето на Македонскиот народ и Македонскиот јазик

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 12:40

Нано анализа за мега политика, или како се губеше идентитетот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Сериозни се пораките кои доаѓаат од официјална Атина но и Софија, со кои не предупредуваат на договорите кои сме ги потпишале и обврските кои произлегле од нив, за кои јавноста и не е свесна.

Грција нема намера да го ратификува Преспанскиот договор, барем не во оваа варијанта, може да даде зелено светло само да стане правен документ по кој ќе изврши целосна ревизија на уставните амандмани кои дефинитивно не кореспондираат со членовите од спогодбата.

Така од една три децениска проблематика за името ќе влеземе во нова сага овој пат и за народот и за јазикот.

Бугарија од своја страна веќе покажа како се манифестира сила. Преку ноќ македонските историчари по гневот на Каракачанов постигнаа договор дека цар Самоил е Бугарин. Така постепено ќе се брише цела македонска историја до 1944 година, од кога Софија и не признава како држава но не и како народ.

Особено проблематично ќе биде признавањето на македонскиот јазик од страна на Бугарија, која и при признавањето на Македонија пред скоро три декади, ја призна државата но не и народот и јазикот кој се говори во неа.

Сепак има провладини аналитичари за кои ете силниот прекор од бугарската страна кон премиерот Зоран Заев, кој минатата недела истакна дека со Преспанскиот договор се потврдува постоењето на македонскиот јазик е само дневна политика за внатрешна употреба во Бугарија.

Заканата за можно блокирање на македонските процеси кон ЕУ и НАТО, сепак, за универзитетскиот професор Нано Ружин е само епизодна.

Епизодно ваквите изјави можат да попречат, да закочат некои процеси, да ја мобилизираат јавноста, медиумите, но битно е што државите ставија потпис на Договорот. Моментално можеби предизвикуваат одредени реакции но гледано во глобала мислам дека не можат да го оневозможат патот на Македонија кон НАТО и ЕУ. – оценува Ружин.

Ружин смета дека и на македонска и на бугарска страна има политичари и историчари кои го бранат својот двор, но потребно е да продолжи рамката на досегашната позитивна политика, во услови кога веќе е ставен потпис на Договорот за добрососедство.

Апелира историјата која е предмет на дискусија во двете комисии, да се остави на историчарите.

Многу е лесно од позиција на сила некоја држава која е членка на некоја меѓународна организација да се сили и да ви наметнува одредени уцени, дури тоа не е популарно. Се знае и во меѓународните големи организации одлучуваат најглавните и најстарите членки. А, овие новодојдените некогаш за дневна употреба можат да се зборуваат се и сешто. – додава Ружин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.