Американскиот интернет-портал „Популар електроникс“ истакнува дека истиот воен конфликт го сменил засекогаш начинот на кој војува Америка и истовремено ретко кој тоа го забележува денеска.

Објавил: Перо Милчин | 31 мај, 2019 19:36

Нападот врз Југославија како воена вежба и тест, за уште тогаш планираните војни против Ирак и Авганистан!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На 24 март 1999 година, во непосредното соседство на Македонија, зад нејзината северна граница, започна една од најстрашните воздухопловни операции во која борбените авиони на САД и на Британија ги реализираа нападите против тогашната Југославија.

Во воздухопловните акции кои се одвиваа над тогашната држава Југославија, малкумина знаат дека токму таа операција резултирала со големи промени во американската армија. Како што истакнува американскиот интернет-портал „Популар електроникс“ воениот конфликт го сменил засекогаш начинот на кој војува САД.

НАТО бомбардирањето врз СРЈ беше некако брането како легитимно, со добро посакувана хуманитарна причина. Бомбардирањето беше без согласност од Обединетите Нации, каде Генералниот Секретаријат забранил воени акции, исто така ова бомбардирање немаше согласност и од американскиот Конгрес којшто ги отфрлил идеите од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, да се предложи да се нападне СРЈ, иако Американскиот претседател реагирал неуставно според американските закони. НАТО целите за да се нападне СРЈ биле кажани на нивната средба во Брисел на 12 април 1999 година. 

Џо Папаралдо кој е колумнист во американскиот портал, својата детална анализа ја започнува со фактографски податоци за воената кампања врз Југославија и потсетува дека бомбардирањето со борбените авиони траело 78 дена.

– Во операцијата „Пустинска олуја“, приближно 10 проценти од испуканата муниција на воздухопловите била со помош на користење на технологијата на прецизно војување, а истото се зголемило за вкупно 29 отсто за време на втората поголема воена операција „Алајд Форс“ на Балканот – пишува порталот.

– Во конфликтот, воената авијација на САД започна да ги користи тогашните новитети во борбената технологија, беа користени беспилотни борбени летала, во практика беа употребени нови тактики за постојните борбени воздухоплови (ловецот „Ф-16“ и бомбардерот „Б2“), а сето ќе се покаже како круцијално успешно во конфликтите кои следуваат потоа во Авганистан и во Ирак – истакнува Папаралдо.

Во својата анализа „Популар електроникс“ репортажно прераскажувајќи воена операција на двајца ловци со авиони „Ф-16“, ја информира јавноста дека тогаш за прв пат леталата не биле управувани со радиоврски од команден центар, туку тие борбените мисии за прв пат ги извеле, користејќи ги упатствата за мисијата инсталирани во електрониката на борбениот авион и притоа употребиле паметни бомби, а не огромни количества оружје.

Како што известува овој медиум, со новите технологии се намалила тежината на оружјата кои дотогаш ги пренесувале бомбардерите.

Во операцијата „Алајд Форс“, поради оваа причина биле користени бомбардерите од моделите „Б-52с“, „Б-1с“ и „Б-2с“, кои во операциите исфрлиле приближно 23.000 ракети и бомби и по оваа операција овие летала имаат поголема употреба надвор од онаа за пренесување на нуклеарни бомби.

Според магазинот, воздушната војна над Косово длабоко влијаела врз дејствувањата на Пентагон и тоа повеќе отколку што се мисли, но таа често не е дискутирана во јавноста, бидејќи траела кратко за разлика од другите конфликти и САД немале големи жртви.

Порталот најавува дека клучна улога во оваа операција кај бомбардерите била употребата на уредот „Џоинт директ атак мунишнс“, кои бомбите ги пренаменува во паметни ракети управувани од многу далеку.

Во војната во Косово е главен момент во почетокот на користењето на беспилотните летала и дронови во војувањето, како леталото „предатор 1-А“, кое во мисијата може да остане во воздух околу 24 часа и за време на операцијата може да ги снима сигналите на радиоврските и мобилните телефони на српските борбени групи.

– Оттогаш денешните борбени операции со дронови ги спроведуваат пилоти од командни центри стационирани во САД, а за војната на Косово леталата се управувани од воздухопловна база во Унгарија – известува „Популар електроникс“.

Во резимето на анализата се подвлекува дека заклучоците од американската борбена мисија на Косово биле занемарени од информациите кои следувале во јавноста поради конфликти во Авганистан и во Ирак.

Во текот на 1998. и 1999., на Косово се појавила герилската Ослободителна Војска на Косово (ОВК) составена од етнички Албанци, која со мали поединечни акции се спротивставувала на српската полиција и војската на СРЈ. Тврдејќи дека герилците се закана за локалните Срби на Косово, како и за заштита на интегритетот на СРЈ, Милошевиќ презел поголеми воени и полициски операции против нив.

Тврдејќи дека на Косово се случува етничко чистење и хуманитарна катастрофа, државите членки на НАТО, во прв ред САД, бараа Советот за Безбедност на ОН да донесе одлука за воена интервенција против Југославија. Поради противењето на Кина и Русија таква резолуција не беше донесена, по што државите членки на НАТО пристапија кон самостојна воена интервенција.

Директен повод за интервенцијата според НАТО е одбивањето на Југославија да постигне договор со политичките претставници на косовските Албанци на преговорите во Рамбује.

Според понудениот предлог-договор суверенитетот на СРЈ сериозно бил доведен во прашање: се барало влегување на трупите на НАТО во Косово и нивно слободно движење по целата територија на СРЈ, како и референдум по три години на Косово со цел утврдување на неговиот конечен статус.

Многу аналитичари, вклучувајќи го и Ноам Чомски, сметаат дека овој договор имаше карактер на ултиматум и дека се сметало тоа дека југословенската делегација нема да сака да го потпише. Конечно, југословенската страна ги прифатила сите услови, освен оној за слободно движење на НАТО војниците по југословенска територија по што преговорите пропаднале. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...