Таму се уште и репрезентациите на Австрија, Чешка и Украина. Најдобрите две продолжуваат во следната фаза што исто така ќе се игра во Виена, заедно со најдобрите две репрезентации од Грац и Трондхајм.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јануари, 2020 14:17

НАПРЕД НАШИ : Стоилов и уште десет вардарци се дел од ЕП 2020

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нашиот капитен Стојанче Стоилов ќе биде дел од сениорското ЕП што од деенска до 26 јануари ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска. Тој ќе биде дел од репрезентацијата на Македонија која ќе игра во групата во Виена, стои во соопштението од Р.К ВАРДАР.

Таму се уште и репрезентациите на Австрија, Чешка и Украина. Најдобрите две продолжуваат во следната фаза што исто така ќе се игра во Виена, заедно со најдобрите две репрезентации од Грац и Трондхајм.

Стоилов е капитен на Р.К ВАРДАР кој по втор пат со својот тим ја освои титулата Европски првак. Стојанче Стоилов е роден на 30 април 1987 — македонски ракометар кој настапува за РК Вардар и за Македонската ракометна репрезентација. Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Келце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов бил избран за дел од најдобриот тим на колото, а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, бил прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.

Вардар ќе биде застапен со повеќе играчи на ЕП, па и тренери. Покрај Стоилов кој ќе настапува за Македонија, на ЕП 2020 ќе играат уште и: Дибиров, Горбок, Атман, Шишкарев и Калараш (Русија), Кугис и Криштопанс (Летонија). Спортскиот директор Едуард Кокшаров е селектор на Русија, а нашиот тренер на голмани Дејан Периќ е исто така дел од националниот тим на Русија.

Во стручниот штаб на Македонија се уште и нашиот тренер на голманите на женскиот им и помладите категори Александар Царчев и физитерапевтот Димитар Маневски.

Русија игра во група Е во Малме заедно со Данска, Унгарија и Исланд, а Летонија настапува во група Ц заедно со Шпанија, Германија и Холандија.

Сите натпревари на Македонија ќе ги пренесува Телма ТВ.

– комплетен распоред на натпреварите на ЕП – match_schedule_-_online_version.pdf

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...