Непотизмот царува во администрацијата, а власта брза со вработувањето на децата на своите функционери, како да е ова последна шанса!

Објавил: Данаил Михајловски | 12 февруари, 2019 12:05

Народот во самопослуги за 15.000, а децата на функционерите на државно со 40.000 денари плата!

Фото/Текст извор: ©магазин

Пратениците и министрите од СДСМ и ДУИ брзаат да ги вработат на државно своите синчиња и ќерки, како ова да е нивната последна шанса. Непотизмот стана бод-систем за добивање работно место на државно. Она што иритира е што министрите Дамјан Манчевски и Шеќеринска го оправдуваат ова грубо фамилијаризирање на државната администрација, а истовремено ја лажат Комисијата во Брисел дека државава прави реформи во државната администрација. Срамота!

Листата на непотизам при вработувањата во државната администрација е предолга. На оваа листа нема да најдете ниту еден роднина на функционер на власта кој се вработил како касиер во КАМ-Маркет, ниту како пекар во бурекџилница, ниту како работник во градежна фирма, ниту како таксиста за плата од 15.000 или 19.000 денари. Но, ќе најдете вработени во државни фирми, за високи плати, лежерно работно време и слободен викенд. Листата може да ја дополните и сами:

  • Ќерката на Талат Џафери вработена во ЕЛЕМ, плата 35-38.000 денари
  • Синот на Горан Мисовски (пратеник) вработен во Агенција за супервизија, плата 40.000 ден.
  • Ќерката на министерот Никола Димитров во рок од еден ден доби 40.000 евра стипендија за факултет
  • Синот на пратеничката Мира Стојчевска Дизел вработен во ЕЛЕМ, плата 35-38.000 денари
  • Александар Кирацовски (пратеник) си ја вработи сестрата во Централниот регистар, плата од 36.000 денари
  • Костадин Костадинов (пратеник) ја вработи својата мајка во Ц.Регистар (со средно), плата од 25.000 ден
  • Братучедот на министерката Шеќеринска се вработи во Град Скопје, плата од 38.000 денари
  • Сестрата на министерот Асаф Адеми вработена во ЕЛЕМ, плата 35-38.000 денари
  • Баџанакот на Талат Џафери избран за член на антикорупциска комисија, плата 90.000 денари
  • Синот на Љубомир Фрчкоски помочник директор во ПУИК-Стамбено, плата 40.000 денари
  • Синот на Мирослав Грчев (Совет на СДСМ) вработен во ЕЛЕМ, плата 35-38.000 денари
  • Сестрата на министерот Крешник Бектеши вработена во МЕПСО, плата 38.000 денари
  • Братучетката на министерот Манчевски поставена за директор на детска градинка во Аеродром
  • Синот на директорката  на болницата во Кичево, Билјана Настеска (СДСМ) си го вработила во болницата
  • Синот на пратеничката Шпреса Хадри (ДУИ) се вработи во М-НАВ Авијација, плата 46.000 денари
  • Зетот за сестра на Рената Дескоска стана директор на М-НАВ Авијација, плата од 95.000 денари
  • Сопругата на Игор Милев, тогаш член на ДИК од СДСМ, избрана за судија во Апелацискиот суд во Скопје

Цветанка Ласкова, советник на Заев и претседателка на жените на СДСМ, преку својата позиција издејствувала фирмата на нејзината снаа и син, “Декодикс“, да добие грант од 330.000 евра од Фондот за иновации.

За министерот Манчевски овие вработувања се всушност спречување на одливот на кадри во странство, а не непотизам. Тој смета дека членовите на семејствата на функционерите на СДСМ биле дискриминирани 10 години и дека затоа сега имаат предност при вработувањето во државната администрација. 
„Еве да се со согласиме дека сепак тоа е проблем за 2-3 случаи, каде да одат тие луѓе? Во ред, еве ви кажувам, ајде да се договориме, да речеме луѓе да ја напуштат државата“, изјави Дамјан Манчевски. Со ваквиот став министерот за администрација јасно потврдува дека нема реформи, туку партизација во државните институции.

Пратеничката од СДСМ Мира Стојчевска, чиј син Виктор Стојчевски од вчера е вработен во ЕЛЕМ, не гледа ништо спорно во тоа тој да работи во државна компанија. Стојчевска за „А1он“ вели дека нејзиниот син уредно се пријавил на оглас, за потоа да ја добие позицијата.

„ЕЛЕМ имаше распишано јавен оглас. Мојот син прво аплицирал, па потоа ми го соопшти тоа. Јас сум немала апсолутно никакво влијание во одлуката ЕЛЕМ да го вработи мојот син. Тој претходно работеше во приватна фирма, но работел и во Катастар за недвижнини што исто така е државна институција“, вели пратеничката Стојчевска за „А1он“.

Таа ги негира тврдењата дека нејзиниот син Виктор добил работа во ЕЛЕМ поради нејзината функција или глас за уставните промени, како што тврдеше портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Нашите деца секако ќе бидат вработени некаде, според нивните струки и образование. Имајте предвид дека се дефицитарни градежните инжинери. Колку што знам, тој сега е вработен во секторот за инвестиции“, додава Стојчевска.

Од ЕЛЕМ тврдат дека Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата оти ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Оттаму не дадоа информација колку лица се пријавиле на огласот и дали само синот на пратеничката Стојчевска ги исполнувал критериумите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ! Град...

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...