Мицкоски рече дека после падот на оваа власт ќе мора да ги градиме институциите од почеток.

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 септември, 2021 3:33

Народот е понижен, покраден и разочаран, затоа не верува во политичарите, не сме сите исти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Народот точно знае дека е понижен, покраден, омаловажен и народот е комплетно е разочаран од тоа што се случува и не верува во институциите кои ги предводи оваа влада, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот на „Само вистина“ на Канал 5.

Мицкоски посочи дека токму поради погрешните политики на СДСМ и Зоран Заев како и лагите како таа од авион кога се сликаа дека сме добиле датум, повеќе не веруваат во политичари и е во апатија, нешто што мора да се промени после 17 октомври падот на оваа власт бидејќи не се сите исти.

Се сликаа од авион дека преговараме со ЕУ. Заев викаше дека ги решивме сите проблеми со соседите. Истиот тој претходно се колнеше во жицата и викаше дека нема да го прави тоа што го направи. Сега пак вели дека треба да преговараме Што треба да преговараме, до кога ќе преговараме? Нели имаме договор со Бугарија и дека сите проблеми со соседите се решени? Првиот во владата пред 3 години се сликаше во авион и рече декка почнавме преговори и дека сите проблеми со соседите се решени. Тврдам дека не е така. Усложнети се проблемите поради егзибициите на оваа влада и лошата домат меѓународна политика, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски рече дека после падот на оваа власт ќе мора да ги градиме институциите од почеток.

– Има луѓе кои ја сакаат државата и сакаат да оди напред и луѓе кои работат само за своите лични интереси, а спротивно  на интересите на граѓаните и државата, нагласи Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.