Симовски сепак тврди дека додека е тој директор, небитно е дали сме Македонци или Албанци, битно е статистичката постапка да не се политизира, при што се очекува негова смена

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 7:59

Народот избегаа, а ние тука се тепаме дали сме Македонци или Албанци

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Владата по низата реакциина академската јавност, сепак се премислува за Попис на население без графа за етничка припадност.

Првиот човек на Заводот за статистика, ја смени реториката.

Не е исклучена можноста клучниот белег за етничка и верска припадност сепак да се најде во пописот најавен за 2020. – вели првиот човек на Државниот Завод за статистика Апосотол Симовски во емисијата „Отворено“ на Алфа.

Откако пред речиси еден месец откри дека пописот кој кој треба да се спроведе за две години отсега нема да ја сочинува и етничката и верската припадност, Симовски се предомисли , па вели дека можноста не била исклучена.

Јавноста бурно реагираше дека ако овие белези бидат изоставени, нема да се добијат бројките за етничките заедници кои ја чинат нацијата. Но директорот на Статистика се правда – лошо бил пренесуван.

Симовски не отстапува од ставот дека пописот е статистичка операција, која ако ја содржи вакавата клучна графа процесот ќе се политизирал.

Пописот е статистичка а не политичка операција. Додека јас сум директор на Статистика, нема да дозволам процесот да се политизира. – вели Симовски.

Сакаме да го отстрaниме полето, во кое политиката може да се вмеша, битно ни е да добиеме квалитетни податоци.

Прашан дали постои страв од нешто , па се ислучува оваа глучна графа, Симовски одговара дека требало да се гледаат реалните проблеми.

Луѓето избегаа, а ние тука се тепаме дали сме македонци или албанци. – вели директорот на Статистика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести