Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност.

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 април, 2021 14:32

Народот излезе да даде поддршка на луѓето кои го бранеа Уставот, случајот повторно да се отвори и да добијат шанса да ја докажат својата невиност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ!

Протестот е практично одраз на целокупната состојба во општеството, народот е незадоволен. Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот.

Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност.

Бидејќи имаме судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и да ја докажат својата невиност, рече од денешниот протест лидерот на Вмро-Дпмне, Христијан Мицкоски!

Со извици „Никогаш северна, само Македонија“, и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна мирниот протест пред Владата со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април.

На протестот се бараше и оставка на Владата. Истиот заврши пред Собранието.

Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести