Но, настанот не помина толку свечено како што очекуваа. И тука се соочија со незадоволството на македонските граѓани, револтирани од неработата на централните и локалните власти.

Објавил: Весна Петровска | 8 декември, 2019 19:31

НАРОДОТ НЕ МОЖЕШ ДА ГО ИЗЛАЖЕШ: Се огласи Мицкоски за случајот “ДА НЕ МЕ ГЛАСАШ НИКАД“

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов пред некој ден се појави на настан за садење на седум дрвца, каде беа повикани неколку телевизиски екипи.

Но, настанот не помина толку свечено како што очекуваа. И тука се соочија со незадоволството на македонските граѓани, револтирани од неработата на централните и локалните власти.

Кога еден граѓанин сакаше да му ги посочи проблемите на Шилегов, тој во негов стил, почна да го етикетира човекот, да се обраќа дрско и потценувачки кон него.

Господинот имаше добра намера и културно се обрати кон Шилегов дека ги посетуваат само околу избори и дека ништо значајно не е направено.

Телевизија Алсат го пренесе овој момент со своја анализа на случувањето на терен:

Во дворот на Архитектонскиот факултет беа засадени 7 садници. Иако две од садници не беа покриени со цел со земја да ги покрие првиот човек на градот, Петре Шилегов, тој рече дека не бил калибриран за такво нешто.

-Јас не сум градоначалникот кој што ќе фаќа лопати, кој што ќе сече ленти и кој што ќе облака жолти чизми затоа што се случуваат определени настани на територија на градот. Моја работа е овој град да го организирам да биде функционален и да биде риспонсибилен, односно да имаме брзи реакции, тоа е нешто што случува, рече Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Но, кога заврши оваа активност, еден граѓанин застана да го праша нешто градоначалникот Шилегов, на што тој почна да се однесува дрско и цинично, потценувајќи го овој граѓанин.

“Имај си убав ден, благодарам многу. Никад да не не гласаш више, немаш проблем, живеј си“-одговори Шилегов.

Оваа сторија ја пренесе телевизија Алсат и нивното видео на кое се гледа разговорот меѓу Шилегов и граѓаните, можете да го погледнете во продолжение.

 

По овој инцидент се огласи и лидерот на опозициската партија ВМРО -ДПМНЕ, еве што кажа за изјавата на градоначалникот Шилегов по непријатниот момент.

“На збор е супер, а во реалност нема ништо” е големата реалност која еден наш сограѓанин ја кажа пред скопскиот градоначалник, на што доби одговор “да не ме гласаш никад”. Ова е реалноста во Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Власта надмено над народот. Ова е истата власт на Заев која велеше дека блескаме, а во реалноста блескаме по порази, сиромаштија и криминал. Но народот не може да го потплатат ниту излажат. Добро знаат граѓаните дека Заев е виновен, а одговорот на граѓаните стига на 12 април. Убеден сум дека оваа реченица на градоначалникот од власта ќе ја запамети секој еден граѓанин, пишува Мицкокси на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести