Мицкоски: Ова манипулативно и повеќезначно прашање, исклучиво е наменето за спас на политичката кариера на Зоран Заев

Објавил: Данаил Михајловски | 1 октомври, 2018 22:52

„Народот одлучи – Договорот со Грција е мртов“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ова манипулативно и повеќезначно прашање, исклучиво е наменето за спас на политичката кариера на Зоран Заев и неколку пајташи околу него, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Реалното прашање требаше да биде исклучиво и само за овој капитулантски договор кој што Зоран Заев го потпиша со нашиот јужен сосед, рече Мицкоски.

Ова значи дека договорот е мртов.

Од вчера, па натаму, на сите ни е јасно дека тука работата е завршена. Треба да го прашаме и Зоран Заев, конечно дали се помири со вистинската слика во Република Македонија, а тоа е дека овој договор и де јуре и де факто е завршена приказна, истакна Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести