Трошоците престојот се вистинска ситница - ноќевање ќе чини 35.000 долари. Иако на прв поглед се чини дека е огромен износ, но многу светски милијардери трошат повеќе на будалештини.

Објавил: Весна Петровска | 9 јуни, 2019 21:58

НАСА од 2020 ќе носи туристи во вселената: Патувањето ќе чини 35.000 евра

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека ќе почне да организира туристички летови кон светот до 2020 година! Тие се планираат два лета годишно до Меѓународната вселенска станица, со максимален престој од 30 дена.

Трошоците за престојот се вистинска ситница – ноќевање ќе чини 35.000 долари. Иако на прв поглед се чини дека е огромен износ, но многу светски милијардери трошат повеќе на будалештини.

Нова туристичка дестинација за милионерите

Најголем дек од трошоците спаѓаат за системите за одржување на живот и намирници кои би требало да ги има во вселената.

Во програмата за испраќање туристи во вселената ќе се вклучат и приватни компании зад овој модул.

НАСА објави нов бизнис модел, откривајќи планови за комерцијални летови на долната орбита на Земјата, но и планови и летови околу Месечината, на нашиот сателит.

“Ова е многу посебен ден за нас, и одлучивме да ја отвориме Меѓународната вселенска станица за комерцијални можности што тие претходно не постоеле. Во вселената ќе можат да одат владини астронаути и приватни лица”, рече Џеф Девит, шеф на финансии на НАСА.

Првите комерцијални летови за Меѓународната вселенска станица се планирани за почетокот на 2020 година. Планирано е да се смени еден од доковите на станицата, така што ќе може да прими комерцијални модули и капсули.

Астронаутот Кристина Кох вели дека комерцијалното патување во вселената би било невозможно без вклучување на приватни компании во целата програма.

“НАСА и приватните компании мора да работат заедно за да постигнат заедничка цел, која ќе го направи универзумот подостапен за секого. Во таа смисла, неопходно е да се работи на нови технологии, да се тестираат и да се развијат, така што еден ден во универзумот да се формираат населби” рече таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.