Како што откриваат од „НАСА“, постои снимка од бурното слетување кое Армстронг и екипата го имале на Месечината, направена од камерата прикачена на прозорецот на Олдрин, но таа не прикажува што точно видел Армстронг од неговото пилотско седиште.

Објавил: Весна Петровска | 20 јули, 2019 10:43

НАСА ОТКРИВА: Еве како изгледало слетувањето на Месечината

Фото/Текст извор: ©оналјн магазин

Направена е одлична симулација по повод 50-годишнината од историското слетување на Месечината од страна на НАСА;

Како што откриваат од „НАСА“, постои снимка од бурното слетување кое Армстронг и екипата го имале на Месечината, направена од камерата прикачена на прозорецот на Олдрин, но таа не прикажува што точно видел Армстронг од неговото пилотско седиште.

Од „НАСА“ користеле снимки на камери со висока резолуција поставени на “Lunar Reconnaissance Orbiter”, вселенско летало кое кружи околу Месечината од 2009-та година и собира податоци за олеснување на откривањето на локациите кои би биле „интересни“ за научно истражување, топографски податоци и траекторијата на движење на „Аполо 11“ до слетувањето на Месечината.

Погледнете како би изгледало слетувањето на Месечината.

Најинтересното од се е кога добиле потврда за слетување почнале да остануваат без здив од возбуда.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.