А, тоа пак, според него, ќе отвори многу други прашања… Дали тој живот во нешто наликува на нашиот? Дали сме поврзани со тие организми? Има ли услови за човечки колонии вон Земјата?

Објавил: Весна Петровска | 1 октомври, 2019 16:16

НАСА се подготвува за најголемото откритие: Човештвото за ова не е подготвено!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

НАСА најавува дека наскоро  ќе открие докази за живот на Марс, но човештвото сѐ уште не е подготвено да го прифати тоа, смета д-р Џим Грин, научник од американската вселенска агенција.

Во март 2021 е предвидено на Црвената Планета да бидат испратени два ровера – еден на НАСА и еден на Европската вселенска агенција ЕСА. Една од главните задачи на тие две мисии е потрага по живи организми на површината на планетата.

– Тоа ќе предизвика целосно нов начин на размислување. Мислам дека не сме подготвени да ги прифатиме резултатите од сѐ тоа. И, тоа ме загрижува, зашто сметам дека сме многу блиску до објавувањето дека на Марс има живот, изјави д-р Грин.

А, тоа пак, според него, ќе отвори многу други прашања… Дали тој живот во нешто наликува на нашиот? Дали сме поврзани со тие организми? Има ли услови за човечки колонии вон Земјата?
– Нема зошто да се сомневаме дека нема други цивилизации низ Вселената, зашто постојано откриваме егзопланети погодни за појава на живот. Насекаде!, додава научникот.

НАСА е подготвена да ја докаже најголемата мистерија – дали имало живот на Марс?

За потсетување, пред неколку месеци НАСА на Црвената Планета откри метан, по ова откритие роверот ќе трага по докази за живот.

Ова откритие укажува дека можно е да има живот под површината на Црвената Планета.

Роверот на НАСА Curiosity го откри ова додека вршеше мерења на воздухот во месец јуни.

Ваквото сознание ги менува нештата и сега научниците ќе го сменат начинот на кој работи роверот за да се фокусира на ова подрачје.

Научницит се многу возбудени поради ова и се надеваат дека ќе најдат микроби за кои се смета дека се „преселиле“ под површината во периодот кога се смета дека Марс бил потопол, повлажен и имал подобри услови за живот пред 4 милијарди години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.