Судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова денеска им ја изрече пресудата, откако двајцата признаа вина и се извинија за чинот кој го направија.

Објавил: Владо Марин | 30 април, 2020 15:05

НАСИЛНИЦИТЕ ВО ЗАТВОР: ПО 2,5 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ДВАЈЦАТА ШТИПЈАНИ КОИ ПРЕТЕПАА ДЕВОЈКА И СЕ СНИМАА!

Фото/Текст извор: © (Фото: СДК.МК ) Магазин

Двајцата штипјани, кои брутално тепаа 22-годипна девојка, а чинот на тепање го снимија и го објавија на социјалните мрежи, добија по две години и шест месеци затвор.

Судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова денеска им ја изрече пресудата, откако двајцата признаа вина и се извинија за чинот кој го направија.

Адвокатката на жртвата, Билјана Андонова потврди дека девојката е во лоша состојба, а со неа работи тимот на невладината ЕХО.

Настанот се случил во јануари годинава, кога во влез на зграда, двајцата насилници брутално ја удираа младата, 22-годишна штипјанка.

Снимката се појави на социјалните мрежи на почетокот од месец април, по што тие беа веднаш уапсени.

На видеото кое беше објавено пред еден месец се гледаше како еден од насилниците држи во рака нешто што наликува на тест за бременост и ја шутира девојката, додека другиот ја снима целата случка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.