И вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска го повтори ставот дека мислењето на Венецијанската комисија ќе се почитува. Таа вели дека ќе го почекаат официјалниот извештај на Комисијата, ќе го анализираат мислењето, па ќе излезат со заеднички став.

Објавил: Весна Петровска | 13 декември, 2019 19:04

Насилно донесениот закон , и покрај препораката на Венецијанската комисија Заев нема да го менува

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Како што соопшти премиерот во заминување Зоран Заев, Законот за употреба на јазици нема да се менува и покрај препораките на Венецијанската комисија.

– Јас сум човек кој секојпат отворено и чесно зборува и во едни такви околности стручните служби, правниците, јас сум економист, ми кажаа начини на којшто може да се имплементираат препораките од Венецијанската комисија, ако тоа се имплементира низ институциите на системот, без потреба од законско решение – јас би играл така, рече Заев.


За потсетување, Заев пред неколку дена најави дека власта ќе ги испочитува укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците. Ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите кои работат, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го укажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување.

И вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска го повтори ставот дека мислењето на Венецијанската комисија ќе се почитува. Таа вели дека ќе го почекаат официјалниот извештај на Комисијата, ќе го анализираат мислењето, па ќе излезат со заеднички став.

По долгите дискусии за Законот за јазици ние, како што рече Шекеринска, излеговме со текст зад кој застанавме и добивме сериозно мнозинство и во Собранието, кажавме дека имаме и одредени дилеми и за тие дилеми, но и за целиот Закон, самата Влада побара мислење од Венецијанската комисија.

Вицепремиерот Бујар Османи пак смета дека секое поместување еднострано на балансот во македонско – албанските односи кои се постигнати со многу труд ќе отвори магичен круг и спирала која ќе не помести од патот кој што сме тргнале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести