Според последните податоци од ДИК, Пецаков освои 14.380, Георгиески 12.460 гласа, Цветковски 1.376

Објавил: Македонка Димкин | 18 октомври, 2021 10:08

Насловната страна е слика од стариот градоначалник на Охрид,

Фото/Текст извор: ©дик

Според последните официјални резултати објавени од страна на Државната изборна комисија кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Кирил Пецаков освои 14.380 гласа односно процентуално 48,54%. Кандидатот од СДСМ и коалицијата Константин Георгиески освои 12.460 гласа односно 42,05%, Гоце Цветковски освои 1.376 односно 4,64% гласа.

Рано утрово Државната изборна комисија ги објави првите неофицијални резултати од Локалните избори.

Во трката за членови на Советот на град Охрид беа 11 листи, а во советот влегуваат нешто над половина – 6, односно четири партии и две независни листи.

Најмногу гласови освои советничката листа на ВМРО ДПМНЕ – 10 693 или процентуално 36,09%, СДСМ и коалицијата освоија 8 731 глас процентуално 29,47%, ДУИ 2 349- 7,93%, Група на избирачи-Димитар Велјаноски (Охрид пред се’)  освоја 1.979 – 6,68%, Левица 1 628 гласа -5,49%, ГИ-Антонио Наумоски (Охрид има план Б) 1 407 гласа-4,75%, ЛДП/ДОМ 631 глас- 2,13%, ГИ-Стевче Стевоски 339 гласови-1,14%, Единствена Македонија 207 гласа – 0,70%, Беса 279 гласови – 0,94% и ТМРО 189 гласа – 0,64%.

Пријатно изненадување во советничките листи се број 122 или неѕависната листа ОХТРИД ПРЕД СЕ кои освои 6.68 % и со тоа се пред политичката партија ЛЕВИЦА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести