Судбоносното „да“ заљубениот пар кажаа во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2019 0:29

НАСМЕАН ДО УШИ: Николовски се венчаше во манастир во Крива Паланка (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски минатиот викенд имаше црковна венчавка со сопругата Андријана во манастирот св. Јоаким Осоговски, во Крива Паланка.

Судбоносното „да“ заљубениот пар кажа во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Судбоносното „да“ заљубениот пар кажаа во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Љупчо Николовски ја запроси својата сегашна сопруга во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море, пред неколку месеци, кратко откако се повлече од министерското место во Министерството за земјоделие.

Љупчо Николовски е македонски политичар од редовите на СДСМ и министер за земјоделство во владата од 2017. Николовски дипломирал на правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2007, а во периодот 2007–2008 работел како адвокатски приправник.

Во февруари 2014 бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев.

Во 2017 бил именуван за прв човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Николовски говори англиски и италијански јазик.

Сопружниците свадбата ја направија кон средината на октомври, а сега имаа и црковна венчавка во родното место на Николовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.