четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Наставникот бил вработен во училиште во околината на Апатина, Црна Гора а уапсен е поради поради сомнеж за прикажување, прибирање и поседување на порнографски материјал и искористување на малолетни лица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2019 18:24

Наставник уапсен поради детска порнографија, поседувал видео и фотографии од малолетни деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

40-годишен наставник С.М. утринава беше лишен од слобода откако полицијата го уапси поради сомнеж дека извршил кривично дело.

Наставникот на својот компјутер поседувал фотографии од малолетни ученички

Наставникот бил вработен во училиште во околината на Апатина, Црна Гора а уапсен е поради поради сомнеж за прикажување, прибирање и поседување на порнографски материјал и искористување на малолетни лица.

Според полицијата наставникот со иницијали С.М. искористувал малолетна ученичка за порнографски цели и собирал фотографии и видеа од детска порнографија која ја разменувал со други корисници на ваков материјал.

Полицијата утринава го одзеде неговиот компјутерот, надворешен хард диск како и повеќе од 90 гигабајти материјал, меѓу кои видео и фотографии од малолетни деца. Засега му е определен притвор од 48 часа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.