По воените вежби на Руската Федерација на кои учествуваа 300.000 руски и над 50.000 кинески војници, и НАТО со свои воени вежби од 45.000 војници на северот од Норвешка

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 8:14

НАТО ги подготвува најголемите вежби од Студената војна

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

НАТО ги подготвува “најголемите воени вежби со години наназад” коишто во Норвешка подоцна во октомври ќе учествуваат 45.000 војници, објави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Вежбите ќе бидат темелени на “фиктивно, но реалистични” сценарио и ќе симулираат колективен одговор на НАТО на напад врз една од земјите сојузнички. – додаде Столтенберг.

Станува збор за најголемите воени вежби на Алијансата од крајот на идеолошката Студена војна.

Освен војниците од 29-те држави членки и партнерските земји норвешки соседи Шведска и Финска, во вежбата “Trident Juncture” ќе учествуваат 150 авиони, 60 бродови и 10.000 возила. – изјави Столтенберг за новинарите.

Вежбата е најавена во време на тензичните односи на Западот со Русија по многу глобални и регионални стратешки прашања. Но, “Тридент”, маневрите кои ќе се одржуваат на северот од Норвешка и ќе траат од 25-ти октомври од 7-ми ноември, не се вперени против ниедна земја, истакнуваат од НАТО.

Вежбите имаат одбранбен карактер. – истакна Столтенберг, додавајќи дека на нив се повикани и руски воени набљудувачи.

Русија во август изведе масовна воена вежба на истокот од земјата во којашто учествуваа околу 300.000 војници од речиси сите родови на армијата.

Истокот на Сибир се тресе: Ова е најголемата воена вежба од Студената војна (видео)

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести