Поддршка за членство во НАТО од американскиот претседател Џо Бајден побара косовската претседателка Вјоса Османи.

Објавил: Македонка Димкин | 22 март, 2022 12:44

НАТО не го сака Косово?

Фото/Текст извор: ©мкд

Поддршка за членство во НАТО од американскиот претседател Џо Бајден побара косовската претседателка Вјоса Османи.

Соединетите Американски Држави „ги поздравуваат тежнеењата на Приштина за членство на Косово во НАТО, но процедурата за членство е сложена и бара долгорочен и енергичен пристап“, кажа неименуван портпарол на Стејт департментот за Радио слободна Европа на албански јазик.

„Косово најдобро може да ја покаже својата спремност за одговорноста која ја носи членството во НАТО продолжувајќи ја активната имплементација на десетгодишниот транзициски план на косовските безбедносни сили и не отстапувајќи од него“, наведе портпаролот.

„Изложени сме на постојани напори на Русија да го поткопа Косово и да го дестабилизира целиот Западен Балкан“, наведе Османи во писмото до Бајден.

Портпаролот на Стејт департментот додаде дека САД се посветени на тоа „да му помогнат на Косово да го обезбеди местото кое го заслужува покрај своите соседи во европските и евроатлантските институции“.

„Продолжуваме да ги поддржуваме косовските безбедносни сили сè додека не остварат значителен напредок во својот десетгодишен план на транзиција, развиен со поддршка од САД, со цел изградба на мултиетнички одбранбени сили кои не само што ќе бидат во состојба да го заштитат територијалниот интегритет на Косово, туку и ќе придонесат на глобалните безбедносни напори надвор од неговите граници“, кажа портпаролот.

Косовските безбедносни сили се во процес на трансформација во полноправна војска од 2018 и се очекува тој процес да трае десет години. Се очекува безбедносните сили за време на трансформацијата двојно да се зголемат и да станат професионална војска од 5.000 припадници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.