Предвидено е министрите Шекеринска, Османи и Филипче да дадат изјава за медиумите по приемот на донацијата, соопшти Министерството за одбрана.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 октомври, 2020 8:12

НАТО ни испраќа 60 респиратори за справување со последиците од Ковид-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денеска во Македонија треба да пристигнат 60 респиратори, донација од НАТО за справување со последиците од пандемијата на Ковид-19.

Донацијата од НАТО Доверителниот фонд, вредна 1,4 милиони евра, на Меѓународниот аеродром Скопје, ќе ја примат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Предвидено е министрите Шекеринска, Османи и Филипче да дадат изјава за медиумите по приемот на донацијата, соопшти Министерството за одбрана.

Во Вашингтон оваа година беше направен и последниот формален чекор за полноправно членство на Северна Македонија во Алијансата- депонирањето на инструментот за пристапување во Стејт департментот.

НАТО од денеска има 30 земји членки.

„Северна Македонија сега е дел од семејството на НАТО, семејство со 30 нации и речиси една милијарда луѓе. Семејство базирано на сигурноста дека, без оглед на предизвиците со кои се соочуваме, сите сме посилни и побезбедни заедно“, соопшти генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Ова е историски успех кој, по три децении независност, конечно ја потврдува нашата безбедност и ја гарантира нашата иднина. Честитки! Го заслуживме ова“, порача македонскиот претседател Стево Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести