Русија потврди, НАТО молчи, неофицијално се дознава дека на "големо се работи" на формирање на воен безбедносен договор за соработка помеѓу Советот на Русија и НАТО алијансата

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 8:56

НАТО со Русија преговараат за безбедносен договор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Москва е подготвена да преговара со НАТО за можноста за склучување договор за спречување опасни воени инциденти, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија.

Изнесовме предлог за напредување во спречувањето опасни воени инциденти. На пример, повикавме на директни консултации на кои би учествувале воени функционери од сите земји кои веќе потпишале договори со нас за превенција на опасни воени инциденти, како и оние кои би сакале да склучат такви договори. Исто така, кажавме, во рамки на Советот Русија – НАТО дека сме подготвени за оваа тема да разговараме со Алијансата како организација. – истакна Фрушко.

Александар Грушко вели дека НАТО алијансата засега не покажува никакви значи дека е подготвена на такво нешто иако не ја негираше информацијата дека неформално веќе се формирани групи за преговори и дека на “голема врата” се работи за постигнување безбедносен договор кој ќе и стави крај на тензиите со НАТО проширувањето кој исток.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести