Освен оваа беше донесена и одлуката шеф на изборниот штаб да биде Љупчо Николовски. На предлог на претседателот на партијата, Зоран Заев, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, едногласно беше поставен на позицијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 ноември, 2019 10:38

Наумче Мојсоски избран за претседател на Комисијата за спорт на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчрашната 12 та седница за Центарaлниот одбор на СДСМ, Наумче Мојсоски,поранешниот македонски ракометен репрезентативец беше избран за претседател на новата комисија за спорт во СДСМ.

Наумче Мојсовски е роден на 17 јуни 1980 година во Струга. За време на школувањето бил одличен ученик, а омилени предмети му биле математика и географија. Кога бил во петто одделение, започнал да игра ракомет, а исто така, играл и фудбал и пливал. Негови ракометни идоли биле Боро Чурлевски од РК Пелистер и хрватскиот ракометар Ивано Балиќ.

Освен оваа беше донесена и одлуката шеф на изборниот штаб да биде Љупчо Николовски. На предлог на претседателот на партијата, Зоран Заев, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, едногласно беше поставен на позицијата.

Во своето обраќање пред членовите на ЦО Николовски рече дека СДСМ како најголема, најсилна и најорганизирана партија во државата ја води државата по прав пат и нема да дозволи деструктивните сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат назад, во неизвесност, изолација и нестабилност.

„Нашиот концепт е чесен и одговорен, насочен единствено кон граѓаните, кон државата и нејзината иднина. Убедени сме дека нашиот државнички концепт е препознаен од граѓаните и дека на 12 април масовно ќе дадат поддршка и дека на тој пат треба да продолжи да чекори државата напред. Секој ден и секој час макотрпно ќе работиме, заедно со секој наш член, со секој волонтер, со граѓаните. Следуваат средби со различни целни групи, а на новата програма ќе работат и комисиите со вкупно 160 сектори. Ќе ги вклучиме и граѓанските организации и повторно новата Влада ќе ја формира СДСМ. Затоа што имаме чист, јасен, државнички концепт“, рече Николовски.

Oд неодамна пак репрезентативниот колега на Мојсоски, голманот Борко Ристовски стана дел од ВМРО-ДПМНЕ, односно претседател на Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести