На денешниот централен митинг од СДСМ, кој се одржа попладнево во Скопје, како прв говорник за поддршка на кандидатот за претседател беше ракометарот Наумче Мојсовски.

Објавил: admin@magazin | 14 април, 2019 16:23

Наумче Мојсовски: Пендаровски е вистинскиот играч и за Македонија срцето ќе го остави на терен!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска во Скопје се одржа централниот митинг на СДСМ, заедно со кандидатот за претседател Стево Пендаровски заедно со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. На митингот зеде учество и македонскиот ракометар од Струга, Наумче Мојсовски, кој излезе прв на говорницата.

На денешниот централен митинг од СДСМ, кој се одржа попладнево во Скопје, како прв говорник за поддршка на кандидатот за претседател беше ракометарот Наумче Мојсовски.

Тој изјави дека во својата спортска кариера одиграл многу тешки натпревари, против тешки репрезентации, но како што напомена тој, Македонија има тешки натпревари пред себе со високи цели и со големи успеси кој Стево Пендаровски може да реализира.

„Играв и не се штедев, играв со срце за екипата за оваа нација, не можам да кажам дека беше лесно и не секогаш чесно, но игравме до крај за победа, за горда и среќна нација.

Убеден сум дека донесовме вистински одлуки, дека компромисите беа неминовни, дека припаѓаме таму каде што чекориме, кон НАТО и ЕУ. Сум одиграл многу тешки натпревари, против тешки противници, оваа земја има тешки натпревари пред себе со високи цели и со големи успеси и затоа јас, како Наумче Мојсоски знам дека Стево е вистинскиот играч. Знам дека Стево ќе го остави срцето на терен за оваа земја, знам дека Стево ќе биде играч за сите“, кажа Мојсовски.

Наумче Мојсовски е македонски ракометар кој игра за екипата на РК Металург и за Македонската ракометна репрезентација. Наумче Мојсовки е роден на 17 јуни 1980 година во Струга. За време на школувањето бил одличен ученик, а омилени предмети му биле математика и географија.

Кога бил во петто одделение, започнал да игра ракомет, а исто така, играл и фудбал и пливал. Негови ракометни идоли биле Боро Чурлевски од “Пелистер” и хрватскиот ракометар Ивано Балиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести