Луѓето заразени со ХИВ, можат да го држат вирусот под контрола

Објавил: admin@magazin | 18 јуни, 2018 18:33

Научниците се блиску до пронаоѓање лек против ХИВ?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Институтот за СИДА при Универзитетот на Хонг Конг соопштија дека се близу до пронаоѓање „функционален лек” за ХИВ вирусот што го предизвикува синдромот на намален имунитет СИДА. Станува збор за ново антитело кое би се користело и за превенција и за лекување на болеста.

Истражувањето предводено од професорот Чен Зивеи, е спроведено во период кога Кина се соочува со поинтензивно ширење на СИДА-та меѓу високоризичните групи.

– Сега, луѓето заразени со ХИВ, можат да го држат вирусот под контрола со антиретровирусни лекови што го спречуваат да зарази нови ќелии. Но, тие мораат да се примаат секој ден и не ги лекуваат веќе заразените ткива. Новото антитело има значајно подолго траење од постојните лекови и ќе може да се прима на три месеци. Новооткриеното биспецифично антитело делува против сите верзии на ХИВ вирусот, истакнува професорот.

Според податоци од Обединетите нации, речиси 850.000 Кинези се заразени со ХИВ.

Научниците очекуваат експерименталната фаза да трае три до пет години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...