Светските берзи не носат добри вести за граѓаните. Нафтата поскапува со многу брзо темпо.

Објавил: admin@magazin | 4 декември, 2018 20:38

Нафтата пак поскапува од наредната недела

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

По намалувањата на цените на нафтените деривати, ценовните движења на светските берзи не носат добри вести. За само 2 дена, цената на суровата нафта скокна за 3,5 долари по барел и сега се тргува за нешто по 63 долари за еден барел.

По намалувањата на цената на нафтата, ценовните движења на светските берзи не носат добри вести за граѓаните.

Ако нафтата продолжи да поскапува со ова брзо темпо, се очекува дека кон крајот на оваа година до која има две корекции, повторно да дојде до значително зголемување на малопродажните цени.

И понатака просекот е уште како оној пред неколку недели, па доколку нема некои драстични скокови, не се исклучува веројатноста дека од идниот понеделник, регулаторот цените да ги задржи на ова ниво или пак корекциите да бидат минимални.

Нафтата се наоѓа во внатрешноста на Земјата. Поради нејзината голема побарувачка, нафтата ја нарекуваат и „црно злато“. Јачината и квалитетот на нафтата се мерат според бројот и застапеноста на октаните.

Во моментов дизелот е 61 денар, а бензините 63 односно 65 денари за еден литар.

Нафтата е масло видна течност со темна боја и непријатен мирис, која лесно стапува во различни реакции.

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.