Националната арена „Филип Втори“ ќе биде прекрстена и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 април, 2019 16:08

Националната арена ќе го носи името „Тоше Проески“?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако пред само два дена беше потврдено од АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор (АДСДП), дека поднеле иницијатива до Владата за преименување на стадионот, денеска за Плусинфо, неофицијално од Владата потврдиле дека Националната арена „Филип Втори“ ќе биде прекрстена и ќе го носи името на легендата на поп музиката Тоше Проески.

Моменталниот максимален капацитет на арената изнесува над 33.000. 

Инаку ваквата одлука, за промена на името на арената  била по бурните реакции на Грците откако фудбалската репрезентација одигра меч од квалификациите на домашен терен, и во службениот извештај беше назначено името на стадионот „Филип Втори“.

Инаку до сега стадионот имаше две претходни имиња, Градски стадион и Телеком арена кога Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 година со името Национална арена „Филип Втори“, но во ноември 2016 година стадионот бил преименуван во Телеком Арена по потпишаниот договор со Македонски Телеком. Во септември 2017 година, договорот за името Телеком Арена бил раскинат и старото име Филип Втори, било вратено.

Беше соопштено дека во новата промена на арената, во игра се неколку имиња, а прво предложено беше името на нашата најголема ѕвезда која трагично загина во сообраќајна несреќаТоше Проески, потоа во игра е и името на некој од познатите фудбалери како Кирил Симоновски Џина“ или „Петар Милошевски“, или името „Национален стадион Скопје“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести