Директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, за Фактор вели дека три се организирале во Скопје, две во Тетово и влегле во ресторанот „Престиж“ во Струга, кој е на два ката, и каде се одржувале две свадби.

Објавил: Владо Марин | 4 октомври, 2020 14:20

Најавени 16 пријави за угостителски објекти, се прават свадби, не се почитуваат протоколите и работното време

Фото/Текст извор: ©faktor

Во текот на вчерашниот ден Пазарната инспекција, освен во неколкуте скопски барови, влегла и во седум ресторани каде се правеле свадби со повеќе од 150 луѓе, пишува Фактор!

Директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски, за Фактор вели дека три се организирале во Скопје, две во Тетово и влегле во ресторанот „Престиж“ во Струга, кој е на два ката, и каде се одржувале две свадби.

-Што да ви кажам, само од синоќа имаме 14 кривични пријави. Влеговме во ресторанот Мирко 919 каде се правеше свадба, во ресторанот Буши, имаше свадба и во Чаир, преполни беа сите со гости. Во Тетово на пример, ги прават свадбите во ресторани кои се малку затскриени, но ете одиме и прондесуваме и кривични пријави и прекршочни, но очигледно тие гајле немаат. Во Струга, пак, ресторанот „Престиж“ е на два кат. И горе и долу имаше две свадби со над 150 луѓе, кои секако бидејќи си дошле на свадба не ги почитуваат протоколите. Како да се носи маска на свадба?, се иронично се пошегува Пауновски при нашиот разговор.

Сепак, уште еднаш потенцираше, дека граѓаните се премногу опуштени и дека мора да се направи поинаков пристап за да се спречи ширењето на корона вирусот во Македонија, зошто ситуацијта во текот на периодов што следи лесно може да излезе од контрола и вака ќе биде во недоглед!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести