На дебаклот на Заевата влада со датумот, му претходеа и неколку признанија, кои го објаснија она што мнозинството граѓани и онака го знаеше. Едно од нив беше и од претседателот Пендаровски, кој буквално призна дека го смениле името за датум од ЕУ, а по него и Заев кој почуствува силна горчина и посака да му кажеле пред да го смени името на државата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 октомври, 2019 10:13

Најави ли Хан дека Македонија ќе преговара 30 години?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Најави ли еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, дека Македонија ќе преговара три децении? Во интервју за австриската новинска агенција, АПА, Хан дури ја отвори и можноста по поразот во Унијата на тема проширување, француското вето да биде и трајно вето. Потенцира дека преговорите на новите членки би отпочнале дури по реформите во процесот, а потоа следуваат и самите преговори, анализира АЛФА.

„И едното и другото ќе траат со години и ако ја следиме линијата на Макрон, и би се одело едно по друго, тоа во пракса би значело дека перспективата за членство во ЕУ може да стане реалност дури по 30 години“ – изјави Хан за АПА.

„И едното и другото ќе траат со години и ако ја следиме линијата на Макрон, и би се одело едно по друго, тоа во пракса би значело дека перспективата за членство во ЕУ може да стане реалност дури по 30 години“ – изјави Хан за АПА.

На дебаклот на Заевата влада со датумот, му претходеа и неколку признанија, кои го објаснија она што мнозинството граѓани и онака го знаеше. Едно од нив беше и од претседателот Пендаровски, кој буквално призна дека го смениле името за датум од ЕУ, а по него и Заев кој почуствува силна горчина и посака да му кажеле пред да го смени името на државата.

Познавачите на состојбите, велат дека владата покажа огромно непознавање на надворешната политика. Професорот и поранешен амбасадор, Јован Донев, за Алфа вели дека Собраниска комисија треба да ги утврди грешките и некој да одговара за срамот на државата.

„Да видиме што ни направи извршната власт, зошто се девалвиравме како држава, зошто сменивме име, а не добивме ни датум. Тоа е многу сериозно прашање за да така преку него се помине и ке продолжиме така нели. Ние ќе се молиме, ко денеска, Заев вели ова ни враќа надеж. Ти можеш да се надеваш колку сакаш, но ако твојата дипломатија не работи, што со тоа? Тоа е невозможно однесување!“ – посочи проф. д-р Донев во емисијата „Што не е јасно?“

Се отвора и прашањето – ќе се бара ли одговорност и за некоректното, нејасно референдумско прашање, кое нудеше членство во ЕУ и НАТО во замена за промена на уставното име, изјаснување кое и покрај ваквите политички игри заврши неуспешно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...