Најнова вест од Австралија

Објавил: admin@magazin | 16 јануари, 2022 8:51

НАЈГОЛЕМА СРАМОТА ВО АВСТРАЛИЈА: Судот одлучи- депортација за Новак Ѓоковиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Федералниот суд донесе одлука дека жалбата на адвокатскиот тим на Новак Ѓоковиќ по одлуката на министерот да му биде укината визата е отфрлена.

Со ова Ѓоковиќ нема право да остана во Австралија, ќе мора да ја напушти земјата и нема да настапува на Австралија Опен.

„Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Федералниот суд на Австралија со гласање 3-0 на судиите реши да ја одбие жалбата на најдобриот светски тенисер за одземање на влезната виза, што значи дека тој во најкус можен рок мора да ја напушти државата.

Ѓоковиќ требаше утре да го почне настапот на Австралијан опен, првиот гренд слем во годината, но сега веќе нема да може да ја брани титулата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.