Српски пратеници дел од странски тајни служби

Објавил: Узунов Бобан | 15 август, 2019 14:53

Најмалку пет српски пратеници се дел од странски тајни служби

Фото/Текст извор: ©магазин

Постојат сознаинија дека во моментов во српскиот парламент има најмалку пет пратеници кои работат за странски тајни служби, пишува српски курир. Тоа претставува опасност за државата , бидејќи можат да откријат доверливи државни информации.

Како што пишува српскиот портал, нивниот извор им пренесол дека српските пратеници ги користат странските безбедносни служби како би го оствариле својотл интерес и би влијаеле врз настаните во Србија.

Претседателот на собранискиот Одбор за контрола на службата за безбедност, Игор Бечиќ, вели дека е свесен дека српскиот парламент е еден од важните канали за влијание на странските служби.

 

Народно собрание на Србија е еднодомен парламент на Србија. Собранието е составено од 250 пропорционално избрани пратеници избрани со тајно гласање, со мандат од 4 години. Собранието избира претседател (спикер) кој претседава со седниците. Сегашниот претседател на собранието е Маја Гојковиќод 23 април 2014 година.

Народното собрание ја извршува законодавната власт, го усвојува и го изменува Уставот, ја избира Владата, ги именува и разрешува судиите на Уставниот суд, претседателот на Врховниот суд, гувернерот на Народната банка на Србија и другите државни службеници. Сите одлуки се донесуваат со мнозинство гласови на пратениците на седницата на која присуствуваат мнозинство пратеници, освен за измена на Уставот, кога е потребно двотретинско мнозинство. Собранието се свикува во Домот на националното собрание во Белград.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести