(ВИДЕО) Меѓу нив Талат Џафери, Курто Дудош, Крешник Бектеши

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2019 15:20

Најмалку 19 функционери од власта не поднеле пријави во Антикорупциска

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Најмалку 19 функционери од власта не поднеле пријави во Антикорупциска, изјави денеска на прес конферецнција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој одговори на, како што кажа, обвинувањата од СДСМ за лажни вести во однос на функционери од СДСМ и на други функционери на власта кон Антикорупциската комисија.

Иако од СДСМ велат дека се доставени сите пријави на функционери до ДКСК согласно законските обврски, Антикорупциска во свое образложение вели дека не поседува документи и информации за најмалку 19 функционери согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси, посочи партискиот портпарол.

Тој наведе дека констатирано е оти ДКСК не располага со информации и документи за низа звучни имиња на политичари од власта и објави дел од нив.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов, директорот на Рудници РЕК Битола, Душан Вукадиевиќ, директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јовановски, градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудош, Министерот за економија, Крешник Бектеши и низа други звучни имиња ги немаат доставено бараните материјали од страна на ДКСК“, кажа Стоилковски и додаде дека со ова само се покажува дека на државата и е потребно право и правда, велејќи дека токму тие два концепта ќе победат на претседателските избори.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=jD08yMB3T4Q

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика