Повеќе од 800 лица се повредени, а се стравува дека многумина останале под урнатините.

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 октомври, 2020 9:30

Најмалку 26 загинати во земјотресот во Турција,трае потрагата по преживеани(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©kanal 5

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала вчера ги погоди Турција и Грција.

Според Си-Ен-Ен, најмалку 26 лица загинале, вклучувајќи и двајца тинејџери на грчкиот остров Самос. На нив се срушил ѕид додека се враќале од училиште.

Повеќе од 800 лица се повредени, а се стравува дека многумина останале под урнатините.

Земјотресот го потресе Егејското Море јужно од градот Измир на западниот брег на Турција во 11 часот и 50 минути по локално време. Турскиот Си-Ен-Ен објави дека земјотресот се чувствувал сè до Истанбул. Подоцна, имало повеќе од 80 послаби земјотреси, од кои повеќе од десет со јачина од над 4 степени.

На социјалните мрежи се објавени низа видеа кои покажуваат тешки поплави предизвикани од покачување на нивото на морето.

Погледнете како изгледа крајбрежниот град Сеферихисар близу Измир.

Турција се наоѓа во една од тектонски најактивните области во светот. Повеќе од 17 000 луѓе загинаа во август 1999 година кога земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди Измит, град југоисточно од Истанбул.

Во земјотресот што го погоди источниот град Ван во 2011 година загинаа повеќе од 500 луѓе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...