Полицијата претпоставува дека се работи за координирања акција а шведскиот премиер најави решителна реакција

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 15:13

Најмалку 80 возила опожарени во западна Шведска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 80 автомобили синоќа се опожарени во шведските градови Гетеборг и Тролхатен. Пироманите дејствувале истовремено во неколку реони.

Полицијата претпоставува дека акцијата најверојатно била координирана преку социјалните мрежи.

“Имавме период со големи пожари но во една иста вечер за толку кратко време да има пожар на многу различни места не памтам такво нешто.” – изјави портпаролката на полицијата во западна Шведска Ула Брем.

Според очевидците возилата биле потпалувани од луѓе облечени во темна облека и со качулки. Тие носеле канти со бензин и бејзбол палки со кои ги кршеле стаклата на автомобилите.

Полицајците кои им помагале на пожарникарите биле нападнати со камења.

Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави дека е “навистина лут” и оти “општеството треба решително да реагира”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести