Оваа несреќа се случила кога хидроглисерот со патници се приближил до островот Садо, за кратко време од кога стигнал до копното, објави крајбрежната стража.

Објавил: admin@magazin | 9 март, 2019 20:45

Најмалку 90 лица се повредени кога траект удрил во кит во Јапонија

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Најмалку 87 патници од траектот кој пловел по Јапонско море се повредени, кога брод удрил во големо морско животно кит, јавија припадниците на крајбрежната стража и медиумите.

Оваа несреќа се случила кога хидроглисерот со патници се приближил до островот Садо, за кратко време од кога стигнал до копното, објави крајбрежната стража.

Како се претпоставува бродот удрил во кит, затоа што општо познато е дека областа е населена со грбави китови.

Од таму изјавуваат дека тринаесет лица се со сериозни повреди, пренесе Би-би-си.

„Беше голем шок за нас“, рече еден патник за НХК.

Медиумите објавија дека иако претрпел оштетување, траектот со 121 патник и четворица членови на екипажот успеал да стигне до дестинацијата со своите мотори, објавија локалните медиуми. 

Во Кореја морето се нарекува „Источно Море“ поради проблемот што го имаат двете Кореи со поимот Јапонско Море.

Јапонско Море е рабно море кое се наоѓа помеѓу азискиот брег и јапонските острови. Поврзано е со Охотското Море преку мореузите Татарски и Лаперуз, со Источнокинеското Море е поврзано преку Корејскиот Проток, а со Тихиот Океан преку – Сангарскиот проток.

Има површина од 1,062 млн. км². Најголемата длабочина му е 3.742 м. Во зимските месеци му замрзнува северниот дел.  
Главните пристаништа се: Владивосток, Находка, Ванино, Советскаја Гаван, Александровск-Сахалински, Холмск, Ниигата, Цуруга, Мајѕуру, Вонсан, Хиннам, Чхонџин. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...