Патниците кои имаат стан или куќа во таа земја ќе поминат таму во изолација, а оние без сместување ќе бидат сместени во хотел обезбеден од Грците.

Објавил: Владо Марин | 18 јуни, 2020 16:23

НАЈНОВА ВЕСТ: Авион со патници од Србија слета во Грција, сите патници во карантин!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Авионо Ер Србија со патници од Србија слета во Атина, а сите патници беа тестирани за вирусот корона по слетувањето, пишува српски Информер!

Во моментов, како што дозна Новости, тие се во карантин 24 часа, каде ќе ги чекаат резултатите од тестот.

Ако тие се позитивни на вирусот корона, ќе треба да поминат 14 дена во самоизолација.

Патниците кои имаат стан или куќа во таа земја ќе поминат таму во изолација, а оние без сместување ќе бидат сместени во хотел обезбеден од Грците.

Во Грција од понеделник официјално започна туристичката сезона, копнените граници со Македонија, Албанија и Турција ќе останат затворени од 15 до 30 јуни годинава, со исклучок на апсолутно неопходните службени патувања, додека пак границата со Бугарија ќе биде отворена.

Во однос на авионското поврзување, за периодот од 15 до 30 јуни, ќе бидат дозволени летови и од Македонија и Албанија, но само за основни и конкретни цели, а не и за туристи и само кон атинскиот аеродром. На аеродромот во Солун не се дозволени летови од нашата земја, како и од Албанија.

Сите туристи кои по 1 јули ќе пристигнат во Грција, ќе треба да имаат пополнет формулар (Passenger Load factor) со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена карантин во хотел-карантин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.